Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, Молдавија и Украина отвораат по две

Младиќ

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека денеска ќе биде затворено уште едно поглавје со Албанија и ќе бидат отворени по две со Молдавија и Украина, откако Црна Гора ден претходно затвори три поглавја во процесот на европските интеграции.

„Како што процесот на проширување добива на замав, ќе разговараме со земјите-членки за тоа како да осигураме нашата Унија да стане посилна додека се шири. Затоа предложивме поцврсти механизми за заштита на владеењето на правото и реформи за поефикасна ЕУ“, наведе Марта Кос на мрежата Икс.

Марта Кос најави дека за земјите-кандидати ќе биде искажано и добредојде во Европскиот центар за демократска отпорност.

„Многу од земјите-кандидати веќе со години се соочуваат со хибридни закани. Нивното искуство може да ни помогне да ја заштитиме демократијата ширум Европа“, рече Марта Кос.

Црна Гора вчера на Меѓувладината конференција во Луксембург ги затвори преговарачките поглавја 17 за економска и монетарна унија, 18 за статистика и 19 за социјална политика и вработување.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?