Жерновски: Веднаш да се побара екстрадиција на Михаилова, а Тошкоски да си поднесе оставка

Жерновски

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција, ги повика надлежните институции веднаш да поведат постапка за екстрадиција на Ива Михаилова, за да биде достапна за судската постапка. Жерновски нагласи дека случајот не може да се затвори со дипломатски разговори и најави за евентуални потерници, туку мора да следува конкретна институционална постапка и политичка одговорност. Воедно, Жерновски, порача дека министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски треба да си поднесе оставка бидејќи Министерството за внатрешни работи е надлежно за контрола на државната граница, а јавноста мора да добие одговори за тоа како Михаилова ја напуштила државата и кој го овозможил тоа.

„Институционална разрешница мора да постои. Синџирот на постапување и синџирот на одговорност мора да излезе на виделина. Панче Тошковски мора веднаш да си даде оставка затоа што под негова ингеренција е целата граница на нашата држава и целиот овој скандал и целиот овој случај не може да се сведе на повикување амбасадори на демократски односно дипломатски разговори и да сега дури допрва се праќаат разни најави за потерници. Она што ние инсистираме да има одговорност за сите коишто се вклучени во оваа афера. Надлежните институции треба веднаш да ја поведат постапката за барање екстрадиција согласно законските услови и меѓународните обврски. Нема оправдување за ова политичко одложување. Михаилова мора да биде достапна за судската постапка, а институциите мора да постапат да го обезбедат сето тоа“, рече Жерновски.

Тој додаде дека околностите под кои Михаилова ја напуштила државата отвораат сериозни прашања за можен договор и политички влијанија, а молкот на премиерот Христијан Мицкоски дополнително ја зголемува сомнителноста.

„Сега гледаме дека коњопојот на Мицковски во Софија баш и не бил обичен коњопој. Неговиот досегашен молк само потврдува дека ги штити сите оние коишто се вклучени во оваа афера.Сериозно ќе инсистираме оваа тема да добие разрешница, затоа што скандалот што вчера го видовме е мега скандал и нема да остане тоа така како што ВМРО сака. За нас, но и за сите граѓани јасно е дека пуштањето на Ива Михаилова е договорена работали, да го цитирам Муцунски, дека тоа е договорено „под радарот“. Народот сега виде што всушност договорил Муцунски во Софија и за што била средбата со неговата колешка од Бугарија.да го цитирам Муцунски дека тоа е договорено под радарот“, рече Жерновски.

Жерновски порача дека мора да се утврди одговорност за секој што договарал, давал незаконски наредби или инструкции, или на кој било начин го овозможил заминувањето на Михаилова. 

„Одговорност мора да има за сите за кои ќе се утврди дека договарале, потоа давале незаконски наредби, давале незаконски инструкции, овозможиле заминување и ја пуштиле Михаилова. Знаеме многу добро дека во владата на Мицковски има огромен број на функционери со бугарски пасоши. Знаеме дека истите тие функционери имаат фирми во Бугарија и затоа сето ова веќе има смисол, крајно сериозен. Ние, како партија, ќе инсистираме до крај не само на оставката, туку сите оние што се вклучени во оваа афера да излезат пред правдата, бидејќи оставката на Тошковски ќе биде некаква гаранција дека тој нема да влијае врз истрагата.Судските одлуки во оваа држава мора да важат за сите. Граѓаните заслужуваат вистина. Македонија заслужува правда“, рече Жерновски.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?