СДСМ: Црна Гора затвора поглавја, Албанија бележи напредок, Македонија станува депонија на туѓи интереси

СДСМ

Македонија е во изолација на патот кон ЕУ, додека Црна Гора и Албанија затвораат поглавја, тврди опозициската СДСМ во соопштение со наслов „Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?“

Според СДСМ, Црна Гора има 21 затворено поглавје од вкупно 33 и цел да ги заврши преговорите оваа година. Од партијата наведуваат дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздравила напредокот со зборовите: „Денес правиме значаен чекор кон покомплетна Унија.“ СДСМ додава дека Албанија исто така оди напред.

„Бевме во иста група. Денес сме со Косово и Србија“, наведуваат од опозициската партија.

„Истата логика“ како во Србија

СДСМ ја обвинува власта дека, следејќи го примерот на српскиот претседател Александар Вучиќ, ја изолира земјата. Според партијата, процесот го движат две работи: рускиот интерес и стравот од соочување со европската главна обвинителка Лаура Ковеши.

Од СДСМ потсетуваат дека земјите-кандидатки мора да соработуваат со Европското јавно обвинителство пред членството, а не по него. Според нив, тоа значи дека не би имало телефонски повици од кабинетот, ниту телевизиски настапи „на кои се поставува и се сменува обвинител“. Опозицијата тврди дека „некој мора да одговара“ за европски фондови, тендери и за пет тони пренесени преку граница, но не презентира докази за овие наводи во соопштението.

„Вториот рок истече“

Партијата тврди дека реформите стојат, дека вториот рок веќе истекол и дека ветувањето од 1 јуни не е исполнето. Затоа, велат, „патоказ добиваат други земји“. Според СДСМ, изјавата на премиерот Христијан Мицкоски „не по секоја цена“, заедно со споредбите со Исланд и Ле Пен, служи за да се скрие вниманието од извештајот за правосудство и реформи. Опозицијата ги обвинува и т.н. „сателити“, меѓу кои ЗНАМ, Левица и „Платформа ЗНАМ 2.0“, дека дејствуваат „на далечинско“ за да дефокусираат.

„ЕУ носи правила. Закон за сите. Независни институции. Слобода на медиуми. Тоа власта не го поднесува. Затоа изолација“, велат од СДСМ, оценувајќи дека Црна Гора, за разлика од Македонија, цели кон членство во 2028.

„Македонија не е депонија за туѓи интереси“

Од партијата порачуваат дека ова го кажале и пред изборите, а дека власта „ќе се врати во рацете на народот“ и дека одговорните ќе одговараат пред независно судство и пред Европското јавно обвинителство. Според СДСМ, „Македонија не е депонија за туѓи интереси“, туку држава што заслужува европски пат, а не „ходник“ за дипломатија, ниту „дата-центри за туѓа дигитализација и антимон за трговците со оружје“.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?