Четворица дебитанти во Торино: Комплетиран списокот за завршниот АТП турнир

САД

Познати се сите осум тенисери кои ќе настапат на завршниот АТП турнир во Торино, што ќе се одржи од 15 до 22 ноември. Последното место го обезбеди Шпанецот Рафаел Ходар, откако Карлос Алкарас го елиминира Тејлор Фриц во четвртфиналето на Мастерсот во Париз.

За трофејот ќе се борат Александер Зверев, Карлос Алкарас, Бен Шелтон, Данил Медведев, Флавио Коболи, Артур Фис, Френсис Тијафо и Рафаел Ходар. Алекс де Минор и Тејлор Фриц се првите резерви.

Половина од учесниците ќе дебитираат на турнирот. Прв настап ги очекува Коболи, Фис, Тијафо и Ходар. Особено впечатлив е напредокот на Ходар, кој пред две години бил спаринг-партнер во Торино, а минатата сезона бил на 166. место на светската ранг-листа и студирал на Универзитетот во Вирџинија.

Меѓу осумтемина има двајца поранешни шампиони: Зверев, победник во 2018 и 2021 година, и Медведев, кој го освои трофејот во 2020 година.

Ждрепката за групната фаза е закажана за 12 ноември.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?