Кристијан Корабоски е повторно приведен за нападот врз Сара

Кристијан Корабоски, осомничен за нападот врз Сара во Охрид, пред два часа е повторно приведен и се наоѓа во полициската станица во Охрид.

Информацијата доаѓа по реакциите во јавноста на одлуката на охридското обвинителство да побара мерки на претпазливост. Судот претходно му забрани на Корабоски да ѝ се приближува на Сара на помалку од 50 метри, му го одзеде пасошот и му наложи да се јавува во судот секој втор понеделник, по што следуваше бурна реакција од македонската јавност за одредената мерка, а јавниот обвинител, збунето одговараше на новинарски прашања, и бараше време да утврди што точно се случува.

СВР Охрид претходно поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Државниот јавен обвинител Ненад Савески најави дека за правната квалификација ќе се одлучи по разгледување на доказите.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?