По последниот случај на родово базирано насилство кој ја потресе јавноста, Форумот на жени на СДСМ утре, 17.11.2026 (вторник) во 18.00 часот, во Охрид, ќе излезе на протест пред СВР Охрид.
„Во знак на поддршка на младата Сара и нејзините блиски, во знак на поддршка на сите жени жртви на насилство и во знак на протест за нефункционалните институции водени од ВМРО кои ги штитат насилниците“ велат од Форумот.
Оттаму ги повикуваат и граѓаните на Охрид да се приклучат на протестот за како што велат, заеднички да испратат јасна и гласна порака дека насилството, прикривањето и заштитата на насилниците мора да престанат и да следува одговорност.
„Сара заслужува правда, сигурност и заштита, како и секоја жена. Не смее да има заташкување на насилството, одговорност мора да има без разлика на партиски, семејни и политички врски. Доста е молк! Доста е неказнивост! Доста е заштита на насилниците!
За Сара. За сите жени. За правда и одговорност! Да бидеме заедно, гласни и истрајни. Охрид мора да испрати порака дека насилството нема да помине“ се наведува во објавата на Форумот на жени на СДСМ.

