Во тек е откупот на тутунот, а грешките ги чинат пари македонските тутунари

Во сезоната за откуп на тутунот, правилното пакување е еден од најважните чекори за зачувување на вредноста на реколтата. Вишокот влага, мешањето различни класи и присуството на туѓи материјали можат да создадат проблеми при откупот и да ја намалат заработката од целогодишниот труд.

СЕКЕ ги потсетува тутунопроизводителите дека подготовката за откуп почнува со внимателна проверка на листовите и на содржината на секоја кутија. Неколку листови со понизок квалитет можат да влијаат врз процената на целата спакувана количина.

Затоа, СЕКЕ ви препорачува во една кутија да пакувате само листови од иста берба и од иста класа. Доколку се измешаат различни берби и квалитет, целата кутија при откупот ќе биде проценета според најниската класа што ја содржи.

Посебно внимание треба да се посвети на влагата пред пакувањето. Според насоките на СЕКЕ, до 16 проценти влага нема одбиток. Над 16 до 20 проценти, вишокот влага се одбива од тежината. Тутун со над 20 проценти влага или тутун прскан со вода воопшто не се откупува.

Внимателно проверете дали меѓу листовите останале нетутунски материјали. Пластика, метал, конци, остатоци од ракавици, гума, пердуви, цветови, плевел, инсекти и стакло треба да се отстранат пред затворањето на кутијата.

Грижата за реколтата продолжува и по пакувањето. Тутунот не треба да се чува во простории во кои има мирис на хемиски препарати, горива или добиток. При пакувањето не треба да се третира со никакви хемиски средства.

СЕКЕ се грижи за вас и за трудот што го вложувате во производството, потсетувајќи дека внимателното сортирање, проверката на влагата и правилното чување се важни за зачувување на квалитетот до откупот.

Пораката до тутунарите е едноставна: „Чувајте си го трудот. Чувајте си ги парите!“

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?