Јаневска се пожали дека студентите не бараат поквалитетно образование, а таа го води МОН повеќе од две години

Министерката за образование и наука Весна Јаневска се пожали дека од дел од студентските организации добива „само барања за социјални услуги“. На Меѓународниот ден на студентите, 17 Ноември, таа порача дека фокусот треба да биде на квалитетот на образованието. Токму образовните политики се одговорност на министерството што Јаневска го води од јуни 2024 година.

Студентите бараат повисок износ за субвенционираниот оброк, субвенциониран меѓуградски превоз и подобри услови во студентските домови. Сите три барања се однесуваат на тоа колку ги чини да студираат. Студентските претставници посочуваат дека дневниот износ за оброк е 140 денари и дека треба да се усогласи со растот на цените.

Како пример за подобрување на образованието, Јаневска посочи напредок од десетина места на ПИСА, тестирање што ги оценува знаењата и вештините на 15-годишни ученици. За реформите на универзитетите, пак, министерката рече дека три закони сè уште чекаат во Собранието. Станува збор за законите за високото образование, за научноистражувачката дејност и за квалитетот во високото образование. Таа рече дека разговара со пратениците за побрзо да бидат донесени.

За субвенционираниот оброк, Јаневска најави нов систем од 1 октомври 2027 година и нова средба со студентските претставници следната недела. Најавата се однесува на начинот на кој студентите ќе ја користат субвенцијата. Барањето за повисок дневен износ останува отворено.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?