Осум месеци затвор и парична казна од 3.300 евра за Дашковски кој ги запали дипломатски автомобили во бугарската амбасада

Дашковски

Игор Дашковски Стојановски, 44, е осуден на осум месеци затвор и парична казна од 3.300 евра за палење два дипломатски автомобили во бугарската амбасада во Скопјe.

Дашковски беше прогласен за виновен за загрозување на лица и предмети под меѓународна правна заштита откако претходно се изјасни за виновен.

Во текот на судската постапка тој изјавил дека одлуката да ги запали автомобилите ја донел самостојно, по што ги полил со бензин и подметнал пожар.

Настанот се случи на 15 јуни годинава, кога беа опожарени двете возила со дипломатски статус. Инцидентот предизвика реакции кај македонските власти, кои го осудија нападот, а случајот доби и политичка димензија во односите меѓу Македонија и Бугарија.

Палењето на автомобилите беше проследено со остра политичка реторика меѓу Скопје и Софија, во период кога билатералните односи веќе беа оптоварени со повеќе отворени прашања.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Политичките пиромани – партии и лидери што палат поделби за поени 151 (54%)
54 %
Заспаните чувари на правдата – судови и обвинителство без казни за омраза 49 (18%)
18 %
Нашето опркужување – граѓаните со лајкување, сеир и молчење 40 (14%)
14 %
Трговците со кликови – медиуми и инфлуенсери што шират гнев 23 (8%)
8 %
Дигиталните војски – оние што диригираат со ботовите 16 (6%)
6 %

Најчитано