Жолт аларм за ветер над 80 км/ч, најизложен западот на Македонија

Силен југозападен ветер и пообилен дожд денеска ќе ги зафатат западните делови на Македонија. УХМР најавува повремени налети над 80 километри на час и врнежи над 15 литри на квадратен метар, а за дел од земјата е објавено жолто метеопредупредување.

Предупредувањето за ветер ги опфаќа Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот Регион. Пообилните врнежи се очекуваат во западните подрачја, додека во останатите делови дождот ќе биде повремен и локален.

Во Скопје ќе има променлива облачност со сончеви периоди. Кон крајот на денот се можни слаби врнежи, а јужниот ветер во делови од котлината повремено ќе се засилува.

Нестабилното време ќе продолжи и во четврток, кога повторно се очекуваат дожд и силен југозападен ветер, особено на западот. И покрај врнежите, температурите ќе останат над вообичаените за овој период од ноември.

Во петок ќе има повеќе сонце и дневни температури до 24 степени, но ветерот во западните делови повремено ќе надминува 70 километри на час. Од сабота се очекува постепено опаѓање на температурите.

Поради најавените силни налети, потребно е внимание при движење покрај дрвја, стари покриви и привремени конструкции. Предметите на терасите и во дворовите што ветерот може да ги однесе треба навреме да се обезбедат.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?