Жестоки напади во близина на Киев, мртви и луѓе закопани под урнатините, спасувачите бараат преживеани

Киев

Во текот на изминатите шест месеци, Русија ги интензивираше нападите врз украинската престолнина, а многумина стравуваат дека претстојната зима би можела да биде најтешката од почетокот на војната пред речиси пет години.

Во текот на ноќта од сабота кон недела, во нападот врз градот Димер, кој се наоѓа околу 45 километри северно од Киев, беше погодена петкатна зграда, при што загинаа најмалку девет лица.

Снимките од АФП покажуваат спасувачи како пребаруваат низ куп тлеечки урнатини откако делумно се урна зграда. Бројот на жртви постојано растеше во текот на ноќта и достигна девет до раните утрински часови во понеделник, изјави Тимур Ткаченко, гувернер на регионот Киев. На апликацијата за пораки Телеграм, тој изјави дека потрагата по евентуални дополнителни жртви сè уште е во тек.

Спасувачките екипи успеаја да извлечат дете и 79-годишна жена живи од урнатините, додаде Ткаченко.

„Светот мора да престане да ja врти главата“

Уште две лица загинаа, а осум беа повредени во Вишњево, кога руски дрон удри во супермаркет, објави регионалниот гувернер.

Уште едно лице беше убиено кога избувна пожар во приватна куќа во Била Церква за време на нападот, додаде тој. Во текот на ноќта од петок до сабота, Москва ја бомбардираше Украина со беспилотни летала и ракети, при што загинаа 11 лица, од кои седум во главниот град. Ова се случи откако рускиот претседател Владимир Путин вети „болна“ одмазда против Украина за нејзините неодамнешни напади на Кримскиот мост, објави Индекс.

„Светот мора да престане да ја врти главата. Осудете го овој тероризам, повикајте ја Русија на одговорност и дејствувајте сега за да го запрете колежот на невини Украинци“, рече Дмитро Лубинец, комесар за човекови права на Украина, на платформата X.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?