И грците среќни за новата власт во Србија

Грција

Позитивна порака од Атина до новото српско раководство. Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, изјави дека очекува соработка со новите власти во Белград за да се забрза приближувањето на Србија кон Европската Унија.

„Се радуваме на соработката со новите власти за да ги интензивираме напорите на патот кон пристапувањето во ЕУ“, порача Герапетритис на министерската средба на групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина.

Шефот на грчката дипломатија се осврна на реформските мерки во Србија во правосудството, борбата против корупцијата, електронските медиуми и изборните правила, оценувајќи ги како важни за демократските процеси. Србија на средбата ја претставуваше државната секретарка Невена Јовановиќ.

Грчката поддршка беше придружена и со јасна порака за обврските на земјите кандидати. Според Герапетритис, демократското управување, човековите права и борбата против корупцијата се неопходни за промени што ќе ги почувствуваат граѓаните. Добрососедските односи и почитувањето на меѓународното право, додаде тој, остануваат составен дел од пристапниот процес.

Средбата во Атина се одржува два дена пред самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел. Грција настојува да го задржи проширувањето високо на европската агенда, особено во пресрет на своето претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година.

Според грчкото Министерство за надворешни работи, целта е да се забрза интеграцијата на регионот, со посебен акцент на владеењето на правото, демократското управување и добрососедството. На дневен ред е и можноста експертизата на ОБСЕ/ОДИХР да помогне во спроведувањето на реформите.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?