Запрено насипувањето на езерскиот брег во Струга

Насипувањето на дел од брегот на Охридското Езеро во Струга е запрено, а претходно депонираниот материјал е отстранет, соопшти Општина Струга.

Според локалната самоуправа, интервенцијата е спроведена во соработка со Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност. Со отстранувањето на материјалот е спречено натамошното насипување на локацијата.

Во објавената информација не се наведуваат точната локација, количината и видот на отстранетиот материјал, ниту кој го депонирал. Не е соопштено ни дали се поведени постапки за утврдување одговорност.

Од Општината најавуваат продолжување на соработката со надлежните институции за заштита на крајбрежјето и зачувување на природните вредности на езерото.

„Заштитата на езерото е заедничка одговорност“, порачуваат од локалната самоуправа.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?