Германскиот канцелар Мерц ветува построги мерки за заштита на жените од фемицид

фемицид

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вети зајакнување на заштитните мерки против фемицидот, додека во средата долниот дом на германскиот парламент одржа едноминутно молчење за жртвите на смртоносното насилство врз жените и девојките.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вети зајакнување на заштитните мерки против фемицидот, додека во средата долниот дом на германскиот парламент одржа едноминутно молчење за жртвите на смртоносното насилство врз жените и девојките.

„Сакам да ве уверам дека ние, како влада, ќе сториме сè за подобро да ги заштитиме жените, девојките и децата во нашето општество, отколку што успевавме во минатото“, изјави Мерц во Бундестагот, на Меѓународниот ден на Обединетите нации за елиминирање на насилството врз жените.

Тој наведе дека веќе се подготвени првични законски предлози.

Претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, изјави дека Германија треба да учи од другите земји, посочувајќи дека Шпанија уште пред околу 20 години вовела задолжителни превентивни активности во училиштата и постојан надзор над сторителите, ставајќи го фокусот врз заштитата на жртвите.

„Не се жртвите на насилството тие што треба да се срамат. Тоа треба да го чувствуваат сторителите“, рече Клекнер, која носеше облека во портокалова боја – симболот на овој ден, која според Обединетите нации претставува посветла иднина, ослободена од насилство врз жените и девојките.

Според најновите податоци на Сојузната криминалистичка полициска служба, објавени претходниот ден, насилството врз жените во Германија бележи остар пораст во последните години.

Податоците покажуваат дека германската полиција во просек евидентира убиство на жена на секои три дена, како и физички напад врз жена од страна на партнер или поранешен партнер – на секои шест минути.

Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените се одбележува секоја година на 25 ноември. Овој датум е избран во чест на трите сестри Мирабал, политички активистки од Доминиканската Република, кои биле убиени во 1960 година по наредба на тогашниот владетел на земјата, Рафаел Трухилјо.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?