Бугарскиот архив го доби илинденското знаме што стоело врз ковчегот на Гоце Делчев

бугарскиот архив
Фото: принтскрин bntnews.bg

Свиленото знаме на илинденските востаници од костурското село Загоричани, кое повеќе од 80 години се сметало за изгубено, е предадено на бугарскиот Државен архив. Знамето го дарувала Марија Атанасова, внука на знаменосецот Петар Марков, која со децении го чувала во својот дом во Минхен. За предавањето на знамето на 10 ноември извести Бугарската национална телевизија, а НОВА и Frognews денеска објавија детали за неговото потекло и за тоа како било зачувано.

Знамето го сошила и извезла учителката Маслинка Грнчарова од Загоричани. На црвената свила стои датумот 20 јули 1903 година, кога според стариот календар почнало Илинденското востание. На ткаенината се видливи три дупки од куршуми. По востанието знамето го зачувал Марков, а во 1906 година го понел со себе кога семејството се преселило во Бугарија.

Според Михаил Груев, претседател на бугарската Државна агенција „Архиви“, знамето било положено врз ковчегот со посмртните останки на Гоце Делчев при нивното пренесување во Бугарија по Првата светска војна. Последниот познат јавен запис за знамето е од 1941 година, кога повторно било однесено во Загоричани.

Знамето останало кај семејството на Марков. Сестрата на Атанасова го изнела од Бугарија и ѝ го донела во Германија. По реставрацијата во Виена, Атанасова го чувала на ѕидот во својот дом во Минхен. До архивот знамето било испратено по дипломатска пошта, со помош на бугарската амбасада во Германија.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?