НАТО крена борбени авиони откако дрон навлезе во воздушниот простор на земја членка

Летонија нато борбени авиони

Неидентификуван дрон утрово накратко навлезе во воздушниот простор на Летонија, по што беа активирани борбени авиони на НАТО и беше испратен летонски дрон за пресретнување, соопштија вооружените сили на земјата, пренесе Ројтерс.

Летонската војска издаде предупредување за општината Луџа, во источниот дел на земјата, и го укина набргу потоа. Подоцна беше укинато и предупредувањето од понизок степен за општината Балви, северно од Луџа. Војската засега не соопшти од каде дошол дронот.

Инцидентот се случи неколку дена откако Полска ја обвини Москва дека намерно го нарушила нејзиниот воздушен простор. Според полските власти, руски извидувачки дрон во вторникот накратко ја преминал границата.

Борбени авиони беа активирани во рамки на мисијата на НАТО за надзор на воздушниот простор над балтичките земји.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?