„Современост“ одбележува 75 години од излегувањето на првиот број

„Современост“

Деновиве, на 216 страници излезе вториот број на „Современост“ за 2026-та година, со кој се одбележуваат 75 години од објавувањето на првиот број во 1951-ва година.

Овогодишниот, 75-годишен јубилеј на „Современост“ е од исклучителна важност за сите видови, жанрови, категории и поткатегории, сите аспекти и елементи на македонската книжевна историја, не само заради неговата континуирана улога и важност, туку и заради фактот дека преку историјата на ова наше најстаро книжевно списание, всушност, ја осведочуваме и динамиката на творечките сензибилитети кои создавале книжевност во изминативе три четвртини век, од појавата на повоената македонска литература.

Во една поопшта смисла, јубилејот на „Современост“ е сведоштво на книжевниот и културен континуитет од поновата македонска книжевна историја, веднаш по кодификацијата, односно озаконувањето на македонскиот правопис, што нѐ охрабрува во констатацијата дека без постоењето на ова списание и неговите развојни патеки – минати, но и актуелни, ниту македонскиот книжевен/културен дискурс немаше да биде она што е денес.

По тој повод, во бројот се вклучени два воведни текста, кои ја одбележуваат оваа значајна за литературата годишнина: „Седумдесет и пет години културна историја, континуитет и предизвик“ од Стефан Марковски и „Традицијата на Современост“ од Васил Тоциновски.

Во бројот се вклучени 5 прилози проза, 18 прилози поезија, 1 прилог со кратки филмски сценарија, 1 прилог приопштување, 7 прилози интерпретации и 5 рецензии.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?