Винарија Душа ги отвори вратите – Нов концепт за вински дегустации на 10 километри од Скопје

Винарија Душа од Волково официјално ги отвора вратите за посетители. Се наоѓа на 10 километри од центарот на Скопје и на само пет минути возење од обиколницата. Гостите можат да дојдат на организирана тура и дегустација со резервација, а просторот е на располагање и за приватни настани, деловни средби и дружења. Може да прими помали групи до 12 луѓе и поголеми групи до 50 луѓе.

Посетителите можат да изберат меѓу неколку вински искуства. Секое вклучува водена тура низ винаријата, запознавање со процесот на производство и дегустација на четири вина, придружена со мезе даска или автентични македонски специјалитети. Едно од искуствата е посветено токму на македонските сорти: Смедеревка, Темјаника, Станушина и Вранец. Пакетите можат да се прилагодат за приватни прослави, тимски дружења и деловни настани.

Во дегустациите се вклучени белото куве Ведрина, розето Зора, ароматичната Темјаника и новото црвено вино на Душа, Допир.

Зад Душа стојат Небојша и Емилија Димиќ, брачен пар македонски електроинженери кои живеат во САД, а своите кариери ги граделе во ИТ-индустријата. Нивната љубов кон виното прераснала во студии по енологија во Сиетл, а знаењето што таму го стекнале сега го применуваат во секое вино на Душа. Покрај винаријата во Волково, Душа има лозарско земјиште во Ресава, во срцето на Тиквеш. Најголем дел од насадите се речиси 50-годишни лози Темјаника, што даваат приноси со концентрирано грозје со карактер.

„Во Душа се спојуваат две навидум различни работи: инженерската прецизност и креативноста што ја бара виното. Анализата и современата технологија ни се важни, но исто толку ни се важни интуицијата и почитта кон традицијата. Сакаме гостите тоа да го видат и вкусат од прва рака, од лозата до чашата“, вели Небојша Димиќ.

За Емилија Димиќ виното е е повод луѓето да се соберат, да разговараат и да создадат спомени. “Затоа сакавме Душа да биде место каде што тоа ќе се случува, близу до градот, а сепак доволно далеку од секојдневието“, вели Емилија.

Душа е основана во 2023 година, но приказната започнува многу порано. Земјата на која денес се наоѓа винаријата му припаѓа на семејството на сопствениците, со генерации. Ја купил прадедото на сопственикот, со пари што ги заработил градејќи железнички пруги во Америка, и на неа засадил лозје. Со текот на времето имотот бил поделен меѓу наследниците. Децении подоцна, правнукот Небојша, кој исто така изградил кариера во Америка, почнал повторно да ги откупува и обединува парцелите. Дел од тоа старо лозје и денес раѓа во дворот на винаријата.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?