Ниту невремето не ја победи традицијата, сепак Њујорк ја дочека 100-тата парада на „Мејсис“

Со 100 балони, илјада кловнови, музички настапи и препознатливи празнични платформи, Њујорк денеска го одбележа стотото издание на легендарната парада на „Мејсис“, два дена по американскиот Ден на благодарноста.

Силното невреме, поројниот дожд и најавените налети на ветер до 113 километри на час ги принудија организаторите да направат нешто што никогаш претходно не се случило – да ја одложат парадата.

epa13406746 Spectators watch balloons get inflated ahead of the 100th Annual Macy’s Thanksgiving Day Parade in New York, New York, USA, 25 November 2026. The parade, which began in 1924 and features giant helium balloons of beloved characters floating above Manhattan’s streets on Thanksgiving morning, has been postponed until 28 November due to a forecasted storm on 26 November. EPA/OLGA FEDOROVA

Два дена за повторно организирање на спектаклот

Подготовките за јубилејната парада траеле повеќе од две и пол години, а организаторите добиле само 48 часа за да ја реорганизираат.

Џиновските балони морале да бидат издишани, транспортирани, складирани и повторно подготвени. Дел од музичките оркестри пристигнати од други американски држави морале да обезбедат дополнителни средства за продолжување на престојот во Њујорк.

Денешните временски услови, со значително послаб ветер и без дожд, овозможија безбедно одржување на манифестацијата.

Мики Маус, Спајдермен и илјада кловнови

Парадата се движеше по традиционалната маршрута долга околу четири километри низ Менхетен.

Меѓу најголемите атракции беа Снупи, Спајдермен, Баз Лајтјер, Хело Кити и новиот џиновски балон на Мики Маус во улогата на чиракот на волшебникот.

Во музичката програма беа најавени Теди Свимс, Квин Латифа, Џими Фалон, Глорија Гејнор и Ел Ел Кул Џеј, како и посебна музичка посвета на Доли Партон.

Традиција што започнала во 1924 година

Првата парада на „Мејсис“ била организирана во 1924 година, а во неа учествувале вработени во стоковната куќа, музички оркестри и животни од зоолошката градина.

Џиновските балони, кои денес се нејзиниот најпрепознатлив симбол, биле воведени во 1927 година.

Парадата не се одржувала само во периодот од 1942 до 1944 година, за време на Втората светска војна, кога материјалите потребни за изработка на балоните биле пренаменети за воени потреби.

Токму затоа, иако традицијата е стара 102 години, годинава се одржа нејзиното стото издание.

Повеќе од 50 милиони телевизиски гледачи

Според податоците на градските власти во Њујорк, парадата вообичаено привлекува повеќе од 3,5 милиони посетители на улиците и околу 50 милиони телевизиски гледачи.

Со децении таа го означува неофицијалниот почеток на божиќната сезона во САД, а нејзиното традиционално финале е појавувањето на Дедо Мраз.

Годинава празничната магија пристигна со два дена задоцнување, но стогодишната традиција продолжи.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?