Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски за крај на CINEDAYS

Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во МКЦ парк во 21 часот, завршува 22-от CINEDAYS.

-Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година, и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија, и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има добра подлога за филм, и решив да го адаптирам за македонски услови, бидејќи во таа верзија, дејствието се случуваше во Париз. Одамна сакав да направам приказна во која давам коментар за некои социјално релевантни теми, а сето тоа да биде ненаметливоспакувано, вели Цветановски во пресрет на премиерата.

Филмот „Бизнисот на задоволството“ е трилер – драма каде што со исчезнувањето на најдобрата пријателка, жртва на трговијата со жени, една новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола и се борат да спасат жива глава.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски и Елени Декидис. Сценариото, монтажата и режијата се на Гоце Цветановски, кинематографер на филмот е Фејми Даут, во продукција на Македонската крепост, A White River Films, City Star Production, Seven Image и 351 Studio. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново