Партиските пропагандни штабови на овие ентитети продолжуваат со своето срамно и неодговорно однесување, уништувајќи ги сите шанси за аргументирана дебата во јавноста. Затоа, време е да реагираат институциите и јавноста.
Пратеничката и лидерка на политичката партија ЛДП, Моника Зајкова, објави коментари во која е мета на говор на омраза и сексистички напади.
„Толку за културата и аргументираното мислење…“, напиша Зајкова, при споделување на коментарите во кои има недоличен и крајно примитивен речник.
Ви пренесуваме само дел од коментарите кои ги објави Зајкова.
Ова се само дел од коментарите на верниците, возрасни и фамилијарни граѓани кои содржат говор на омраза кон Зајкова.
ЦИВИЛ со години ги повикува политичките партии да ги зауздаат своите партиски тролови и да ги охрабрат своите поддржувачи да размислуваат со своја глава, да се изразуваат пристојно и независно од нивните штабови за пропаганда. Сите повици до сега останаа без никаков одзив од политичките партии кои се познати по својата продукција на омраза и лажни вести. Напротив, партиските пропагандни штабови на овие ентитети продолжуваат со своето срамно и неодговорно однесување, уништувајќи ги сите шанси за аргументирана дебата во јавноста. Затоа, време е да реагираат институциите и јавноста.
Институциите, по којзнае кој пат, се повикани да постапат соодветно на законите и на обврските да им служат на граѓанките и граѓаните. Молкот на институциите и неказнивоста навистина стануваат неподносливи!
Мониторинг тим на ЦИВИЛ