Осуденик починал во дворот на затворот „Идризово“ во Скопје.
Како што информира МВР, вчера, во 14:43 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово е пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И.(42) од с.Тебреште, се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, при што паднал.
Лекар од Итната медицинска помош кој излегол на терен констатирал смрт.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР

