Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Резултати на Преспанскиот договор: Ечи македонска музика, се веат македонското и грчкото знаме

На социјалните мрежи се споделува видео кое пренесува настан кој е вообичаена слика за време на летните денови во повеќе области во Грција каде што доминантно живее македонско население.

Овие народни веселби, најчесто по повод верски, но и историско-културни настани, освен што сега се многу помасовни, сведочат и за еден послободен граѓански дух којшто доаѓа како резултат на Преспанскиот договор.

После Договорот од Преспа, грчката држава воопшто не ги проблематизира овие културни настани, а македонското население во Грција гордо ги игра македонските ора и ги вее знамињата на двете земји во име на добрососедството и на новиот дух кој преовладува во взаемните односи.

За променетата општествена клима во Грција и во македонско-грчките односи има повеќе сведоштва како што е регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин, преводот на книгата на Румена Бужаровска во која официјално стои дека на грчки е преведена од македонски јазик, заедничките филмски продукции и други културни настани.

За сето ова, како и за другите позитивни промени во Грција после Договорот од Преспа Рацин.мк опширно пишуваше во серијата стории „Три дена во Преспа и Лерин“.

Најново