Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изградба на нов затворен базен во Карпош и враќање на сјајот и имиџот на салата Партизан

„По повеќе од 20 години, а јас би рекол и повеќе од 40 години, новиот затворен базен, кој се гради до реновираната култна сала Наум Наумовски Борче, позната како Партизан, ќе ја смени лошата слика од изминатите децении и овој дел ќе добие нов лик“, рече премиерот Димитар Ковачевски при почетокот на работата за изградба на затворениот базен во Карпош.

Тој додаде дека со реновираната сала и со новиот пливачки базен тука се гради вистински спортски комплекс.

„Се работи за училишен базен со големина од 33 на 40 метри и длабочина од 1,4 мери. Затворен базен, поврзан со топлинска врска со салата. Финансиран е од Владата и Агенцијата за млади и спорт во износ од 760 илјади евра“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во текот на октомври треба да завршат работите на реновирањето на спортската сала, проект кој чинеше 1,1 милиони евра, со што се враќа сјајот и имиџот на салата Партизан од која излегоа голем број спортисти.

„Со ова потврдуваме дека вложуваме во капитални објекти за граѓаните и спортски објекти, кои во овој урбан дел на Скопје ќе овозможи на граѓаните да имаат простор за да се занимваат со спортови“ рече Ковачевски.

„Задоволство ми е да го најавиме овој затворен училишен базен во Карпош, дел од проектот за 14 училишни базени на целата територија на државата. Ова е десеттиот базен, кој ќе може да биде користен од спортистите, рекреативците, но најмногу од училиштата од Општина Карпош“, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски при почетокот на градежните работи на базенот во Карпош.

Тој додаде дека му е задоволство што се прават вакви проекти кои значат за младите и спортот во државата.

„Во пливањето заостанувавме, имавме само еден или два функционални базени. Со овој проект се градат 14 базени“, рече Мојсовски.

Тој додаде дека во Карпош круна ќе биде и реконструираната сала Партизан, која започна да се реновира минатата година, а за еден месец ќе биде комплетна и предадена на општина Карпош.

Зачлени се на нашиот е-билтен