Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милатовиќ: Реално и можно е членство на Црна Гора во ЕУ и пред 2030 година

Црна Гора е поблиску до Европска Унија од другите кандидати и верувам дека перспективата за полноправно членство на нашата земја во ЕУ пред 2030 година е сосема реална и можна, изјави претседателот на државата Јаков Милатовиќ на заедничката прес-конференција со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Милатовиќ изрази задоволство што по „години на попасивен однос кон Западен Балкан и долг период на размислување за судбината на процесот на проширување, овие прашања повторно се на врвот на агендата на ЕУ“.

Фон дер Лајен наведе дека проширувањето е на врвот на приоритетите на ЕУ.

– Црна Гора долго време е најнапредната земја во ЕУ и мило ми е што сте решени да ја задржите таа позиција. Мојата прва порака е дека сега треба да бидете фокусирани на задачата за пристапување и заедно треба да го завршиме тој процес, посочи фон дер Лајен.

Таа додаде дека втората задача е приближување на економиите на Црна Гора и ЕУ.

– Црна Гора има потенцијал да стане главен снабдувач на електрична енергија во овој регион, претседателката на ЕК.

На прашањето колку е реално Црна Гора да стане членка на ЕУ и пред 2030 година, Фон дер Лајен истакнува дека нема потреба да се чека.

– Нема потреба да се чека. Црна Гора е лидер, ја има последната милја, треба да се турне. Доколку исполнувате одредени услови, нема да бидеме обврзани со датуми. Нема календар на пристапниот процес, но важно е спроведувањето на реформите и напредокот кон ЕУ. Ја охрабрувам Црна Гора да ја помине последната милја што е можно побрзо и таму ќе се отвори вратата, истакна фон дер Лајен.

Зачлени се на нашиот е-билтен