Директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, за да му каже на гостинот, поранешниот пратеник Исмет Рамадани да ја напушти емисијата.
На Мирчевски не му се допадна тоа што го кажа гостинот, и реши да го отстрани од емисијата, ускратувајќи му го правото на слобода на говорот. Истовремено, во јавувањето Мирчевски изрази лични ставови во однос на етничките односи во Северна Македонија.
Се очекува реакција на АВМУ, Советот на честа, ЗНМ, ССНМ.
Експресно реагираше МАН, од каде излегоа со поддршка на Канал 5.