Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Брнабиќ – Џинпинг: Кина никогаш нема да го промени ставот за Косово, Си навести дека ќе дојде во Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Пекинг по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина никогаш нема да го промени ставот за Косово, како и дека Србија целосно ја почитува политиката на Кина, која нема да се промени, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ изјави дека разговорот со Си Џинпинг поминал добро и дека Си навестил дека следната година ќе се обиде да дојде во Србија.

Што се однесува до економските односи меѓу Србија и Кина, Брнабиќ изјави дека се многу добри и оти се подобруваат.

-Секако дека очекувам нова ера на односи и меѓусебни размени во трговијата по потпишувањето на Договорот за слободна трговија, рече Брнабиќ.

Таа особено истакна дека иднината на Смедеревската железарница е сосема безбедна и дека сопственикот на компанијата, кинеската групација ХБИС, има јасни планови за дополнителни инвестиции. Како што рече, следниот фокус на вториот круг инвестиции во Железарата Смедерево се енергетската ефикасност и зелената транзиција.

-Планироаат дел од Железарницата да работи на водрод, што е идејата да во следните неколку децении нема да има емисии на штетни гасови. Тоа се неверојатни работи, рече Брнабиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново