Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Српски аналитичари за иднината на ОБСЕ и учеството на Лавров

Според српските аналитичари, доаѓањето на шефот на руската дипломатија на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје е одобрен за да се сочува мултирателарноста на ОБСЕ, за можност за дијалог од геополитички размери па се до тактички причини во самото ОБСЕ, јави дописникот на МИА од Белград.

-Одобрено е пристигнувањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Скопје, во смисла на прелетување преку Грција, токму со цел да се зачува ОБСЕ онака како што беше замислено и започнато, мултилатерален европски безбедносен форум, оцени денеска Дарко Обрадовиќ од Центарот за стратешки анализи.

Коментирајќи ја изјавата на Лавров дека ОБСЕ е пред колапс, Обрадовиќ рече дека самиот Лавров придонел ОБСЕ да биде пред колапс и додаде дека Русија ги прекршила сите принципи на ОБСЕ.

-Се гледа дека ги уништуваат меѓународните и мултилатералните организации, а не нудат алтернатива за тоа што би изградиле и каков систем би воспоставиле, смета Обрадовиќ.

Како што наведе, тие што решиле да му дозволат на Лавров да прелета на пат кон Скопје, тоа го направиле заради зачувување на ОБСЕ како што е замислено и започнато, односно да ја зачува главната улога и да биде мултилатерален европски безбедносен форум.

-Дали тоа е победа на Русија, па не е, бидејќи Лавров не е под санкции бидејќи тој летал во Њујорк, така што не гледам отстапки за Русија со неговото доаѓање. Бугарите беа јасни, тој не ја избра Бугарија да прелетаат, но тие беа јасни дека сакаат список на лица и да нема да дозволат лица кои се под санкции, со што не добија ниту една отстапка, оцени тој.

Според него, погрешна теза е да се мисли дека Русија има позиција во однос на нејзините сфери на интерес, кои веќе се надминати благодарение на постоењето на НАТО и ЕУ, да се „стави на рамномерна основа“ и дека ја дели Европа.

-Русија повеќе не може да биде соговорник во однос на сферите на влијание или интереси, и затоа нема што да се разговара со нив од позиција на соговорници од негов формат (Лавров), мислам пред се на Американците, од причина што Русија не може да понуди ништо повеќе на таа маса, ниту руските постапки можат да натераат некоја европска земја да направи одредени отстапки. Затоа, тажен е геополитичкиот круг што Русија го затвора во 21 век, заклучи Обрадовиќ.

Претседателот на Здружението на лобисти на Србија, Ненад Вуковиќ изјави дека доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на ОБСЕ во Скопје била можност за дијалог од големи геополитички причини до тактички причини во самиот ОБСЕ, бидејќи Русија ја спречи Литванија да стане претседавач со ОБСЕ во 2024 година, и постигна Малта да претседава, која не е членка на НАТО.

Вуковиќ смета дека Лавров е во право кога вели дека ОБСЕ е пред колапс, но додава дека за тоа придонесува и Русија, бидејќи не уплаќа во буџетот на ОБСЕ и затоа што го критикува.

-Од друга страна, сето тоа е дел од политичката и лобистичката борба за зајакнување на нечија преговарачка и политичка позиција. Значи, тоа е и правилно и погрешно, рече Вуковиќ

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново