Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, која е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, соопшти Министерството за култура.
Претседателка на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ е Александра Цветановска.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.