Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Предлог ТВ серии за празничниот период: Dreamland, Smothered и Yellowjackets, „Тома“ како бонус за носталгичарите

Добрите ТВ серии овозможуваат гледачите да уживаат во возбудливи приказни, посебно во релаксираниот период за време на празниците.

Стриминг платформата SkyShowtime ви нуди три ТВ серии за повеќечасовно непрекинато гледање.

Земја на соништата/Dreamland

Приказната на „Земја на соништата“ е сместена во британскиот приморски град Маргејт, а на трите сестри ќе им се превртат животите наопаку кога нивната четврта сестра ненадејно ќе се врати. Мел се враќа неочекувано и го дестабилизира целото семејство. Во градот Маргејт, најстарата сестра Триш е бремена и чека девојче. Нејзините сестри Клер и Лејла се грижат околу нее заедно со нивната мајка.

Сценариото е оригинално и толку многу смешно! Целата актерска комплетно ја пренесуваат целокупната визија на креаторите на шоуто! Критичарите ја оценуваат како брилијантно напишана драмска серија, смешна, а сите ликови целосно оформени. Пејачката Лили Ален го игра нејзиниот лик на една од сестрите одлично.

Задушени/Smothered

Семи е независна млада жена која раскрстува со апликациите за романтични состаноци, а Том е маж со топло срце кој си го носи својот багаж од минатото.

Уморна од постојаните и досадни романтични издигнувања и падови, Семи смислува план да има тринеделна „афера“ со Том, а потоа да се раздели. Планот не излегува баш според очекуваното.

Серијата Smothered маестрално ги балансира неизвесноста и драмата, држејќи ги гледачите занесени со неочекувани пресврти и емоционална длабочина.

Жолти елеци/Yellowjackets

Напната епска серија за преживувањето, психолошки хорор и драма за созревањето е сага за еден тим многу талентирани средношколки фудбалерки кои се (не)среќните преживеани во пад на авион длабоко во далечната дивина на северот (оттаму и насловот, жолтите елеци за спасување во случај на несреќи).

Серијата е хроника на нивниот пад и истовремено следејќи ги и животите кои се обидуваат да ги доведат во ред речиси 25 години подоцна, покажувајќи дека минатото никогаш не е вистински минато и дека она што започнало во дивината е далеку од завршено.

Дејствието брзо се развива, а изведбите на актерките Мелани Лински, Џулиет Луис, Кристина Ричи, Саманта Ханрати и останатите се мешавина од хумор и уникатно ремек дело.

БОНУС: „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ

На интернет платформите можат да се погледнат и првите епизоди од ТВ серијата „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ. ТВ серијата е екстензивна варијанта, во 8 епизоди, на големиот кино-хит „Тома“ од пред две години, веројатно најгледаниот филм во регионот од распадот на СФРЈ.

Со Милан Мариќ во насловната улога на Тома Здравковиќ, потоа Тамара Драгичевиќ како Силвана Арменулиќ, како и Петар Бенчина, Паулина Манов, Андрија Кузмановиќ, Сања Марковиќ – дел од богатата галерија ликови од ексјугословенската естрада – во „Тома“ имаме два феномени. Прво, нетипичноста на песните на Тома – кои не припаѓаат потполно ниту во таборот на новокомпонираните песни, ниту во популарната забавна музика – и жилавоста на нивната популарност, низ десетици и десетици генерации, до ден денешен.

И, второ, необичната постмодернистичка постапка на Бјелогрлиќ: таа не се занимава со „точноста“ на биографијата на Тома, бидејќи серијата не е документарна. Пејачот Тома го паметат и го сакаат генерации и генерации гледачи, а ТВ серијата – и филмот – „Тома“ е само збирка од фиктивни ликови. Тие ликови и настани, како и во секој добар филм, кај Бјелогрлиќ се намерно „изместени“, па потрагата по биографски извори е бесполезна.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново