Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каевски: СДСМ е обединета, кој и да биде наш претседателски кандидат, тој ќе победи на претседателските избори

Постапката за избор на претседателскиот кандидат на СДСМ, се уште трае согласно внатрепартиските процедури рече портпаролот на оваа партија Дарко Каевски во интервју за Слободен печат.

„Како што наликува на најголемата партија како што е СДСМ, целата оваа постапка се прави согласно статутот. Завршија предлозите по месните и општинските организации, сега сме во фаза на евалуација и за скоро време, согласно роковите што ги даваат законите, СДСМ ќе ги објави своите кандидати и за претседател, но и за пратеничките листи. Јавноста ќе биде навремено известена, се прават и одредени сондажи, мерења и анализи и согласно тоа, согласно целата постапка ќе се додје до идеалното решение за кандидатот. Но, она што е најважно да потенцираме е дека оној кандидат што ќе го предложи СДСМ ќе биде победник на претседателските избори и секако европската коалиција предводена од СДСМ заедно со сите политички партии коишто сметаат дека државата треба да оди кон онаа проевропска агенда, ќе биде победник на парламентарните избори“, рече Каевски.

Каевски вели дека доказ за тоа е огромната заинтересираност за што говори и големиот број предложени лица за кандидат за претседател и за кандидати за пратеници.

„Добро е да се напомене и да се каже дека како политичка партија имаме сериозен кадровски потенцијал и капацитет, голем број имиња беа предложени во месните и општински организации и тоа покажува дека СДСМ има сериозен кадровски потенцијал и дека секако ќе го даде решението кое ќе биде најдобро и ќе работи во интерес на сите граѓани“, заклучи Каевски.

Запрашан за анкетите што се објавуваат во последниот период, Каевски изјави дека и порано имало анкети каде што била фаворизирана ВМРО-ДПМНЕ, но на крајот се покажувале како погрешни.

„Најдобра анкета ќе биде денот на гласањето. Од друга страна видовме дека истите тие организации што денеска прават такви анкети, во 2020 година типуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите, истите тие не убедуваа дека Гордана Силјановска Давкова ќе биде жена претседател во 2019 година, истите тие не убедуваа дека на предвремените локални избори во 2022 година во Маврово и Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ двојно ќе победи и ред други такви прогнози за кои на крајот на денот се испостави дека не се точни и дека резултат беше поинаков“, порача Каевски.

Каевски посочи дека тој и неговата партија се убедени во нова изборна победа, затоа што граѓаните според него требало да направат избор за тоа на каде ќе се движи државата.

„Ние сме убедени во делот на мандатот и победата, затоа што патот што го трасираме и го нудиме на граѓаните е оној вистинскиот пат, секако со сите мани слабости и недоследности што сме ги имале во измниатиот период. Чесно е да се каже дека имаме и одредени слабости но на крајот на денот граѓаните треба да избираат на едно референдумско прашање, за тоа во која насока сакаат да ја видат државата. Дали сакаат да ја вратиме државата назад во изолација, во темни мрачни мината, блокади, нерасчистени односи со соседите со Европа и светот или сакаат да ја видат државата како напредува како е интегрирана, како е дел од европското семејство и како државата е сигирна стабилна и чекори во правилен правец“, порача Каевски.

Најново