„Практично заврши кругот на официјално собирање на потписи и сега имаме јасни седум кандидати, од кои се двајца Таравари и Османи, ќе трчаат на каузата на етнички албанци. Пендаровски ќе остане единствениот кој ќе ја брани либералната опција, лева, центристичко-лева опција, сите други се десничари, националисти, кој повеќе, кој помалку, до оваа најдесничарската партија која се продава под името Левица, која има најрадикални погледи на свет“, рече Сашо Ордановски на поткастот Политиканти на Слободен печат.
Тој посочи дека следува турбуентен период на десницата во Македонија.
„Стевчо, Максим, Ванковска, Силјановска, сето тоа е една добро втемелена десница, некои од нив со просрпски, некои со проруски ставови, а таа агенда во Македонија има свои подржувачи. Во овој момент шансите на Пендаровски е со оние кои имаат полиберални ставови дека тоа е изборот. Кој ќе реши да остане дома, да не гласа или да гласа за некој друг, одговорноста е таа. Но мислам дека сега тој како осамен наспроти сите овие десничарски и крајно десничарски ставови ќе биде еден легитимен судир и во првиот и во вториот круг“, посочи Ордановски.