Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гласна и храбра: Поддршка за творештвото на женската рака

Секоја жена има право на сон, глас и економска независност, сметаат жените од СДСМ, и во таа насока, креирањето на оваа кампања за охрабрување на жените за економска активност е духот на овогодишното одбележување на Меѓународниот ден на жената, ако се имаат предвид статистичките показатели дека 45% од жените не се активни на пазарот.

Имајќи го ова предвид, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заменичката министерка за правда Викторија Аврамовиќ Мадиќ, заменичката министерка за здравство Маја Манолева, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукареска, придружувани од сопругата на претседателот на СДСМ Елена Ковачевска, од Марина Блаежевска и девојчиња од ЈУДД „11 Октомври“ и од претставнички на Центарот за социјално преприемништво, во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во рамките на кампањата „Гласна и храбра“, денеска учествуваа во активностите на центарот.

Заедно со жените учеснички во работилницатаза рачни изработки, тие го дадоа својот придонес во борбата, предизвиците и потребата за економска незвисност и напредок на жените.

„Сонот е најдобриот подарок за себе“ е мотото со кое со оваа кампања, меѓу другото, има за цел да го крене гласот во време кога капацитетите и вклученоста на жените е повеќе од потребна за раздвижување на општеството и економијата низ учење на нови вештини и охрабрување на жените за поголема самостојност.

Зачлени се на нашиот е-билтен