Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Забрчанец за српска Политика: Граѓанин од Врање со неколку кликови до работно место во Куманово

„Граѓаните кои го отпочнаа процесот сведочат дека првата фаза од постапката се завршува за неколку минути, целосно електронски. Нема потреба од одење по шалтери и по институции во било која од трите држави“, изјави Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Тој додаде дека на пример, ако граѓанин од Врање е заинтересиран за работа во некоја кумановска компанија која отвора нови работни места, најпрво тој треба да отиде на веб сајтот на српската Е- управа, да извади електронски Идентификациски број за Отворен Балкан. Понатаму со тој број, се логира на македонскиот портал за Е-услуги и таму аплицира за сертификат за слободен пристап до македонскиот слободен пазар на труд. Тука следи еден чекор кој што подразбира проверка од безбедносен аспект, а таа активност е во надлежност на македонското Министерство за внатрешни работи. МВР го проверува тој апликант низ стандардна безбедноста постапка, што не смее да трае повеќе од 30 денови. Штом стигне одобрувањето од МВР, на апликантот по автоматизам му се издава сертификат за слободен пристап до македонскиот пазар на труд, после што може да пристапи кон аплицирање за работа во посакуваната компанија. Со издавање на сертификатот лицето добива и автоматска дозвола за престој во државата за која аплицира во времетраење од две години“, потенцира Забрчанец.

Забрчанец заклучува дека од моментот на наоѓање работа и склучување договор со работодавецот, натаму по однос на работнички права, пензиско, здравствено осигурување, начин на исплаќање на плата и слично, продолжуваат да важат сите правила и легислативи на националното законодавство. Во тие делови нема никакви промени, се останува како што било и до сега.

Забрчанец за иницијативата Отворен Балкан вели дека „убавите зборови не ја прават една иницијатива добра, туку добрите дела“.

„Убавите зборови не ја прават една иницијатива добра, туку убавите дела. Добра иницијатива е онаа која воведува зелени ленти на границите за брз проток на транспортерите и онаа која воведува заеднички М-Таг на патарините, но добра иницијатива е и онаа која обезбедува бесплатен роаминг, како и онаа која најавува дека ќе обезбеди бесплатен wi-fi за јавните простори во 500 општини во Западен Балкан“, изјави за „Политика“ Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Тој додаде дека во некои политички и тинк-тенк центри се заговарало јаз меѓу различните регионални иницијативи, наводно едни биле повеќе вредни од други. На тоа, други чинители знаеја да кажат дека “шест е подобро од три, ама три е подобро од нула”.

„Оттука, мораме постојано да ја расчистуваме маглата околу тоа дали Отворен Балкан бил подобар од Берлински процес или пак Планот за раст бил подобар од претходните две. Една иницијатива може да биде добра само доколку носи добро за граѓаните и само доколку граѓаните имаат конкретен бенефит од тоа“, заклучува Забрчанец.

Зачлени се на нашиот е-билтен