Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, денеска ги опиша ОН како „анти-израелска организација“, по посетата на генералниот секретар Антонио Гутереш на граничниот премин Рафа на Појасот Газа, од каде повикаа на „итен хуманитарен прекин на огнот“.
„Под негово водство, ОН станаа антисемитска и антиизраелска организација која го негува и поттикнува тероризмот“, напиша Кац на платформата X.
„Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска дојде на египетската страна на преминот Рафа и го обвини Израел за хуманитарната ситуација во Газа, без на кој било начин да ги осуди терористите на Хамас кои ја ограбуваат хуманитарната помош“, рече Кац.
Ова е последна епизода од актуелните тензии меѓу Израел и ОН.