Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку 23 загинати во поројните дождови во Бразил

 Најмалку 23 лица загинаа во Бразил откако викендов поројни дождови ги погодија југоисточните држави Рио де Жанеиро и Еспирито Санто.

Локалната власт во Еспирито Санто денеска соопшти дека од петокот бројот на загинати во државата е 15, а речиси 5.000 луѓе се евакуирани. Тринаесет од смртните случаи се регистрирани во Мимозо до Сул, провинциски град кој се наоѓа на 74 километри јужно од главниот град на државата Виторија.

Властите во Рио де Жанеиро вчера соопштија дека таму загинале осум лица.

Спасувачките тимови во двете држави беа принудени да ја прекинат работата во петокот вечерта поради опасност од лизгање на земјиштето. Спасувачките операции продолжија вчера попладне.

Градоначалниците и гувернерите во југоисточен Бразил почнаа да ги предупредуваат жителите за можни проблеми на крајот на неделата уште во четврток. Предупредувањето на властите за силен дожд во Еспирито Санто останува во сила до полноќ по локално време. 

Зачлени се на нашиот е-билтен