Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германски аналитичар Кнаус: Ако Украина загуби, милиони бегалци ќе пристигнат во Европа

 Германскиот аналитичар кој ја проучува миграцијата, Гералд Кнаус, предупреди на можноста неколку милиони украински бегалци да пристигнат во Европа во случај на победа на Русија, пишуваат германските медиуми.

„Оние кои моментално се двоумат да и помогнат на Украина не се свесни што стои на коцка. Затоа што ако Украина ја загуби оваа војна, тогаш ќе следи најголемиот бран бегалци од 1940-тите и многу милиони ќе дојдат во Европа“, рече Гералд Кнаус, директор на тинк-тенк на Европската иницијатива за стабилизација, во интервју со медиумска мрежа РНД.

Тој рече дека во Украина веќе има околу десет милиони протерани лица кои засега не сакаат да ја напуштат земјата, бидејќи веруваат дека по победата на Украина ќе можат да се вратат во своите домови.

Посочи и дека од 4,2 милиони украински бегалци во Европската унија, 1,2 милиони се во Германија.

„Тоа е, земајќи го предвид бројот на жители, помалку отколку во Полска, Чешка или Бугарија, но многу повеќе отколку во Франција“, изјави Кнаус за РНД. 

Зачлени се на нашиот е-билтен