„Задоволство е денеска на 7 април на Светскиот ден на здравјето, пред се да го честитам на сите колеги, здравствени работници, ден кога оддаваме признание на успесите на здравствените работници и соработници, ден кога ја креваме свеста за подобро здравје помеѓу граѓаните. Честа е исто така голема за можноста што денеска ја имам да зборувам на една мала трибина со студентите од медицинските факултети, стоматолошките и фармацевтските факултети во нашата држава. Една многу сериозна тема „Иднината на медицината во рацете на младината. Ќе зборуваме за идните потреби во текот на студирањето, можности за нивното специјализирање, градење кариера, усовршување во нашата држава, но најзначајно е потребата на држава од нив, нивната експертиза, знаење и професионализам, за унапредување на нашето здравство“, изјави Милена Стевановиќ, кандидатка за пратеник на СДСМ.
Таа додаде дека на денешната трибина таа и колегите ќе зборуваат за лични искуства.
„25 години клиничко искуство, кариера која е изградена во нашата држава, можности коишто сум ги стекнала, научила и споделила во текот на моите престои и работа во странство но и пандемиската криза која беше голема непознатост“, посочи Стевановиќ.
Таа додаде дека е значајно да се каже дека пандемијата ги поместила приоритетите во здравството.
„И покрај пандемијата, успеавме да реализираме значајни проекти. Рекорден број на болници и здравствени институции се реконструирани или изградени од почеток. Практично, безмалку целиот клинички кампус, хируршките болници, клиники или операциони сали, и тн“, потенцираше Стевановиќ.
Таа додаде дека убавите болници не лекуваат, тоа се само услови каде се добиваат професионално здравство.
„Обезбедивме најмодерни лекови за многу болести кои претходно не ги ни лекувавме. Планот за иднина е да секој модерен лек го добие секој на кој му е потребен без лимитирање на нивните бројки. Добро здравство не може да има ако немеме болници, лекови и мотивирани здравствени работници“, заклучи Стевановиќ.