Медиумите поврзани со државата во Иран известуваат дека Исламската Република го лансирала вториот бран дронови кон Израел.
Ова го јави „Тајмс оф Израел“ без да даде други детали.
Претходно ИДФ го потврди нападот на Иран врз Израел, соопшти израелската агенција за следење дронови на кои ќе им требаат неколку часа да стигнат до Израел
Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари во моментов има прес-конференција.
Тој потврди дека десетици дронови лансирани од Иран се движат кон Израел.
Тој вели дека израелските воздухопловни сили ги следат беспилотните летала и истакна дека ќе им требаат неколку часа за да стигнат до земјата.
Хагари вели дека ќе има прекини на ЏПС додека војската работи на пресретнување на беспилотните летала.
Сирени за тревога ќе се огласат доколку дроновите влезат во воздушниот простор на Израел, додаде Хагари.