Украина ќе побара свикување на состанок на Советот Украина-НАТО во врска со одбраната на небото, снабдувањето со системи за противвоздушна одбрана и соодветни ракети, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака.
– Сега активно работиме за да обезбедиме првиот Глобален мировен самит во јуни да биде ефикасен. Им благодариме на сите лидери и земји кои изразија подготвеност да учествуваат на самитот во Швајцарија оваа недела, истакна Зеленски.
Тој особено му се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц за иницијативата и „соодветната меѓународна комуникација“, како и за „сигналите што можеа да се слушнат од Пекинг“.