Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тајани го повика Израел да ги прекине непријателствата во Газа

 Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска го повика Израел да ги прекине воените операции во Газа, нагласувајќи дека е време за примирје во палестинската енклава.

Италија првично ги поддржа акциите на еврејската држава по нападот во јужен Израел од страна на палестинската група Хамас на 7 октомври, но неодамна ја намали својата поддршка поради илјадниците цивилни жртви во Газа.

Во интервју за весникот „Стампа“, Тајани нагласи дека војната во Газа е предизвикана од „варварскиот напад на Хамас“, но додаде дека „сепак во моментов е неопходно примирје“.

„Израел мора да ги прекине воените операции кои во голема мерка го погодија палестинското население“, додаде Тајани.

Интервјуто се одржа пред состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри, чиј домаќин ќе биде Тајани.

Зачлени се на нашиот е-билтен