Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Француската полиција растури импровизиран камп на стотици мигранти во Париз

Полицијата во Франција денеска растури голем импровизиран камп во напуштена зграда во јужниот дел на Париз, во која биле сместени мигранти. Операцијата е спроведена имајќи го предвид приближувањето на одржувањето на Олимписките игри во главниот град на земјата.

Во кампот биле сместени околу 450 мигранти. Хуманитарните работници изразија загриженост дека напорите на париските власти пред Олимпијадата да ги иселат мигрантите и другите луѓе кои спијат на улица се проблем, бидејќи иселените не добиле помош да најдат долгорочно засолниште.

„Тоа беше најголемиот таков камп во Франција. Во последната година, поради Олимпијадата, тој двојно се прошири. Минатата година, властите ги растераа мигрантите во близина на олимпиското село и многу од раселените луѓе дојдоа овде “, изјави Пол Алози од хуманитарната организација „Лекари на светот“.

Зачлени се на нашиот е-билтен