Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фотографија на Палестинка со гушнато тело на девојче ја освои наградата на „World Press Photo“

 Фотографија на Палестинка која држи тело на девојче убиено во израелски напад во разурнатиот Појас Газа, ја освои годинашната награда на „World Press Photo“, пренесе Бета.

Наградата ја доби  фотографот на Ројтерс, Мохамед Салем, за фотографијата направена во мртовечницата на болницата „Насер“, во Кан Јунис, на 17 октомври 2023 година.

На фотографијата Инас Абу Мамар го држи телото на својата петгодишна внука Сали, која почина заедно со нејзината мајка и сестра.

Телото на девојката, кое го држи во прегратките на 36-годишна жена, е завиткано во бела ткаенина.

Објавувајќи го добитникот на наградата,„World Press Photo“ , чие седиште е во Амстердам, ја истакна важноста од признавање на опасностите со кои се соочуваат новинарите кои известуваат од конфликтите.  Во војната меѓу Израел и Хамас, која избувна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, дисега загинаа 99 новинари, потсетува Хина.

Салем, 39-годишен Палестинец, работи за Ројтерс од 2003 година. Тој ја освои истата награда и  во 2010 година. Жири комисијата соопшти дека неговата победничка фотографија во 2024 година била „составена со грижа и почит, обезбедувајќи метафоричен и буквален увид во незамисливо загуба”.

Почувствував дека фотографијата ја сумира поголемата смисла на она што се случува во Појасот Газа, рече Салем кога фотографијата за првпат беше објавена во ноември. „Луѓето беа збунети, трчаа од едно место до друго, нетрпеливи да ја дознаат судбината на своите најблиски, а таа жена ми го привлече окото држејќи го телото на мало девојче кое не сакаше да го пушти“, рече тој.

Жирито ја избра победничката фотографија меѓу 61.062 фотографии од 3.851 фотограф од 130 земји.

Зачлени се на нашиот е-билтен