Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните за 9 Мај – треба да се допобеди неофашизмот, единствениот пат ни е ЕУ!

По повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, екипата на Внимание ги прашува граѓаните: Што е позначајно – Денот на Европа или денот на победата врз фашизмот?

Повеќето од граѓаните сметаат дека 9 мај за нас е позначаен како денот на победата врз фашизмот. На прашањето „Зошто повеќето од младите ја гледаат иднината во Европската Унија?“, повеќето од граѓаните сметаат дека ЕУ нуди подобра иднина, поголеми можности и повеќе перспективи.

„Пошто поише пари се праат за истата работа“, вели еден граѓанин.

„Ради пари, бољи живот, поубави женски“, вели друг граѓанин. Повеќето од граѓаните сметаат и дека фашизмот не е целосно победен во 1945.

„Треба да се допобеди неофашизмот“, вели една граѓанка.

На прашањето, „Дали избориве ќе ни помогнат да се доближиме до целта – членство во ЕУ?“, граѓаните даваат различни и провокативни и одговори.

„Се надевам дека ќе се вразумиме дома и дека единствениот пат ни е кон Европа… без ЕУ ми се чини дека ние немаме просперитет“, вели еден граѓанин.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен