Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хрватската влада парично го награди Бејби Лазања за второто место на Евросонг во Малме

На денешниот состанок на техничката влада, Андреј Пленковиќ најави дека финансиски ќе го награди Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, за неговиот неверојатен успех и освоеното второ место на годинешниот Евросонг во Малме, Шведска.

Владата одлучила да му додели награда од 50.000 евра.

“Честитки до Марко Пуришиќ за неговиот фасцинантен успех. Тој беше на второто место во генералниот пласман, што е најголем успех на независна Хрватска. Ова е фасцинантен успех, му благодариме и на Град Загреб за прекрасниот пречек. И, се разбира, во неговиот Умаг… Му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, изјави Пленковиќ.

Победниците на Евровизија не добиваат пари од ЕБУ за својот успех. Ниту има парична награда, ниту некогаш било. Изведувачот продолжува да ја користи победата на Евровизија за комерцијални цели, цените на неговите изведби и слушаноста се зголемуваат ширум светот, но тој не добива ниту едно евро од ЕБУ. Победникот на Евровизија може да ја добие наградата од владата, претседателот или институција во неговиот роден град.

Иако не победи, сепак успехот на Лазања на Евровизија, најдобар од независноста на Хрватска, беше награден.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново