Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мелони ги нарече пропаганда предлозите на Путин за мир во Украина

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги отфрли предлозите на рускиот претседател Владимир Путин за мировни преговори со Украина како „пропаганда“.

-Не ми изгледа особено ефикасно, како преговарачки предлог, да и кажам на Украина дека треба да се повлече од Украина, иронично рече Мелони на последната прес-конференција по самитот на Г7 одржан во јужна Италија.

Таа додаде дека овој предлог повеќе наликува на „пропагандна иницијатива“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно денеска оцени дека предлозите на рускиот претседател се еднакви на „диктирање“ на мирот.

Путин вчера изјави дека ќе преговара со Украина во случај на повлекување на украинските сили од четирите региони за кои тврди дека се руска територија (Доњецк, Луганск, Керсон, Запорожје) и кога Киев ќе се откаже од влезот во НАТО.

Путин ова го изјави во пресрет на денешниот самит за мир во Украина, кој се одржува во Швајцарија, без учество на Русија.

Неделава Киев ја спомена и можноста за втор самит со учество на руската делегација, на кој би добиле „заеднички план“ поднесен од учесниците на оваа конференција, се вели во изјавите на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак. 

Зачлени се на нашиот е-билтен