Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се вжештува препукувањето во владината коалиција

Портпаролот на Коалицијата „Влен“, Фари Хисени на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев дека темата со балансерот е завршена работа, им возврати на министерот и на претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија Максим Димитриевски и им порача да излезат од предизборната кампања и да се однесуваат како извршна власт.

-И министерот Андонов рече дека додека да се донесе Законот за правична застапеност, останува активен инструментот што се користел до денеска. Порачувам до Димитриевски и Минчев да се однесуваат како извршна власт, да се однесуваат како дел од оваа Влада и нека излезат веќе од предизборната кампања, нека излезат од тие националистички изјави и пристап кон јавноста и да не го користата случајот за да направат поделби и за политички поени. Бидејќи на крај на краиштата ЗНАМ не е некој голем фактор во оваа Влада, рече Хисени.

Од 120 годишни планови за вработување кои институции од јавниот сектор  ги пратиле во Министерството за јавна администрација за одобрување, само пет добиле позитивно мислење од МЈА, а останат

Министерот за јавна администрација Горан Минчев вчера истакна дека нема намера да провоцира ниту еден од коалиционите партнери, туку, спроведуваат исклучиво закони.

-Немам намера да провоцирам ниту еден од нашите коалициони партнери. Ќе повторам, исклучиво спроведуваме закони, а еден од принципите на коишто е договорена оваа коалиција е и почитување на законите. Јас само спроведувам закони. Во Законот за вработени во јавниот сектор децидно пишува дека алатката балансер се применува исклучиво за граѓаните кои живеат на територија на Република Македонија, а тоа е резидентното население согласно податоците од последниот попис. Се надевам дека колегите од Вреди ќе се вразумат, ќе потрошат повеќе внимание на читање на постоечките закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони, а нема да се занимаваат со дневно политички теми, рече Минчев.

Минчев одговарајќи на новинарски прашања повтори дека пресметката во балансерот, односно правичната застапеност на етничките заедници во јавната администрација, се однесува исклучиво на резидентното население, односно на сите жители кои живеат на територијата на државата.

Освен за балансерот Вреди и ЗНАМ си разменија пораки за Албанкста акедемија на науките и уметностите.

Од ЗНАМ изјавија дека „науката не може и не смее да се етнизира и да се партизира“ и дека иницијативата за формирање Академија на науките на Албанците во Македонија е постизборен популизам.

За Хисени Албанската академија на науките и уметностите е нивно предизборно ветување и ќе го исполнат.

-Ние тоа што го ветивме пред албанскиот гласач, тоа и ќе го испорачуваме до крај и ова ќе го реализираме до крај. Бидејќи имаме гласачко тело на кои што им должиме тоа што сме го ветиле и да го исполниме. Во демократски држави и системи, дебатата е алатка за комуникација и за убедување. Сметаме дека аргументите се во наша страна, можеме да се убедиме, можеме да докажеме зошто ни треба Академија на науки и уметности на Албанците. Не е првпат што ние го измислуваме. Во светот постојат две или три академии во рамки на една држава, рече Хисени набројувајќи земји во светот и регионот каде има вакви примери со две академии – Белгија, Финска, Босна и Херцеговина и Србија (Војводинската и Српската Академија) и дека сметаат дека МАНУ како институција не е најинтегрираното место за сите заедници во државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен