Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Сигурно се лезбејки“

После повеќе од триесет години, јахтата „Мејден“, повторно целосно со екипаж од жени, победи на трката со јахти околу светот Ocean Globe Race 2023-2024.

Оваа победа ги поттикна сеќавањата на историскиот подвиг на „Мејден“ во 1990 година, кога за прв пат во историјата на овој, дотогаш машки спорт, победи екипата на Трејси Едвардс, за прв пат составена исклучиво од жени.

Во 1990 година, екипажот на јахтата „Мејден“ ја заврши трката околу светот на второто место во сите категории, а на прво во својата и со тоа стана единствената екипа со овој резултат цели 17 години потоа.

Но, овој историски резултат е само спортска статистика, а вистинското културолошко историско постигнување на „Мејден“ беше што нејзиниот екипаж беше составен од 12 жени и со нивното остварување тие го победија „вистинскиот последен бастион на машката доминација“ во спортската дисциплина елитно едрење.

Скиперка, односно капетанка на јахтата „Мејден“ беше Трејси Едвардс, која за да го спроведе овој предизвик ја дала својата куќа под хипотека за да го купи бродот, кој тогаш се викал „Престиж“ и регрутираше 12 жени за да ѝ се придружат во подвиг со кој напишаа историја.

Во периодот на подготовките, Трејси и нејзините „морнарки“ предизвикаа силно медиумско внимание, но само заради тоа што целиот екипаж беше составен од жени, а не дека веруваа дека тиа можат да постигнат било каков резултат во исклучително тешката спортска дисциплина за која, до тогаш, преовладуваше мислење дека е исклучиво машка.

Следното внимание на медиумите и јавноста го предизвика тогашниот крал на Јордан, Хусеин, кој им даде целосна поддршка и на Трејси и на нејзинииот екипаж им го обезбеди спонзорството на  Royal Jordanian Airlines.

Јахтата беше именувана „Мејден“ (Maiden, Девица или Мома) од Сара, војвотката од Јорк и ја започна трката околу светот.

„Мејден“ ја заврши трката втора во својата класа, беше победничка во Дивизија Д и на две од шест одделни фази на трката, вклучувајќи ја и најдолгата делница со должина од 7260 наутички милји во Антарктичкиот Океан.

За прв пат во историјата на оваа трка, и на трките со јахти воопшто, Трејси Едвардс го доби трофејот „Скипер на годината“ како прва жена што го добила ова престижно признание.

Покрај Трејси Едвардс, на „Мејден“ беа уште Манди Свон, Микаела фон Коскул, Клер Ворен, Микеле Парет, Тања Висер, Сали Кризер, Доун Рајли, Ненси Хил, Џени Мунди, Џо Гудинг, Сара Дејвис, Кристин Харис и Анџела Фарел.

Медиумските известувања за време на целата трка беа полни со предрасуди, а во некои од тогашните „жолти“ весници осамнаа наслови како „Мора да се лезбејки“.

Подоцна Трејси Евардс се сеќаваше на новинарските прашања меѓу кои доминарело прашањето дали е феминистка.

„Сфатив дека во едно од моите рани интервјуа, еден од новинарите ме прашуваше ‘дали си феминистка’ и јас велев ‘О, Боже – не, не, не…“, но потоа почнав да велам ‘да, јас сум феминистка затоа што верувам во еднаквост’“.

Подвигот на Трејси и на тимот на „Мејден“ и ден денес ги инспирира жените и девојките ширум светот.

Денеска „Мејден“ собира средства за образовни програми за девојчиња ширум светот и покажува низ својот пример што можат да постигнат девојките.

Фондацијата на Трејси Едвардс продолжува да ги спонзорира трките со јахти и екипите составени од жени.

Зачлени се на нашиот е-билтен