Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Три возила сè уште го гаснат пожарот во зградата во Чаир

Пожарот во зградата во Чаир уште е активен информираше утрово Центарот за управувае со кризи. Според последната информација од скопската противпожарна, уторво интервенираат три возила.

Синоќа поради тешкотиите во битката со пожарот на пожарникарите на помош им дојде и едно возило на армијата. Синоќа ЦУК информираше дека гасењето на пожарот е отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите на зградата во кои, како што додаваат оттаму, била складирана поголема количина запаливи материјали.

Пожарот кој почна во подриумски простории кои се користеле како магацин гори од вчера во 01.50 часот. Од обејктот беа евакуирани речиси 100 станари. 30 возрасни, 12 деца, едена пожарникар и полицаец беа однесени на скопските клиники поради труење со чад.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново