Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Во Македонија постои една Академија на науките и уметностите

Во Македонија постои една академија на науките и уметностите, јасен е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата и на академиците од различни етнички заедници, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција за иницијативата за албанска Академија на науките и уметностите

– Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации, повеќе би сакал да видам да се трошат за инфраструктурни проекти и за нови училишта, за нови градинки, за нови булевари, спортски објекти, паркови, да креираме услови оние млади коишто ја напуштија и Албанци и Македонци и останати нашата држава да се вратат назад и тоа се темите на коишто јас сакам да разговарам, рече тој.

Мицкоски додаде дека не сака да разговара на теми коишто поларизираат или етнизираат.

Зачлени се на нашиот е-билтен